BEKO РЕГИСТРАЦИЈА НА ДОПОЛНИТЕЛНА ГАРАНЦИЈА

Ви честитаме на изборот на Beko. Ние стоиме зад квалитетот на нашите производи, поради што, покрај основната законска гаранција од 2 години, Ви нудиме и дополнителна гаранција во траење од уште 3 години (вкупното времетраење на гаранцијата со регистрацијата  изнесува 2 законски години + 3 дополнителни години = 5 години) .

Дополнителната гаранција важи исклучиво за купување на апарати од бела техника од брендот Beko. Апаратот  е потребно да се регистрира преку оваа форма најдоцна 90 дена од датумот на купување. По успешната регистрација на Вашиот производ, ќе добиете потврда за регистрација во PDF формат, испратена на e-mail адресата што сте ја навеле при регистрацијата.

Доколку имате прашања или нејаснотии во врска со регистрацијата, Ве молиме да нè контактирате на support-mk@beko.com, а нашиот тим ќе Ви одговори во најкраток можен рок.

Beko registracija produzene garancije

Внимателно пополнете ги
следниве полиња:

ВЕ МОЛИМЕ ВНЕСЕТЕ ГИ ВАШИТЕ
ПОДАТОЦИ ЗА ИЗВРШЕНОТО КУПУВАЊЕ:

СЛИКА ОД СМЕТКАТА*

(jpg, png, pdf, 5 Mb макс)

СЛИКА ОД НАЛЕПНИЦИ*

(jpg, png, pdf, 5 Mb макс)

УСЛОВИ И ПРАВИЛА НА ПРОДОЛЖЕНАТА ГАРАНЦИЈА

1. Дополнителната гаранција се однесува исклучиво на модели од бела техника на брендот Beko.

2. Дополнителната гаранција важи само за купување на модели од бела техника Beko. Производите мора да се регистрираат преку оваа форма најдоцна 90 дена од датумот на купување.

Во спротивно, дополнителната гаранција нема да важи и купувачот ги остварува само правата  согласно со Законот.

3. Оваа дополнителна гаранција важи само за производи купени на територијата на Република Северна Македонија.

4. Потврдата за дополнителна гаранција ќе се смета за неважечка доколку се утврди дека не е целосна, дека е изменета или содржи неточни податоци внесени при регистрацијата на производот.

5. При поднесување на барање за поправка во рамки на дополнителната гаранција, потребно е да се приложи кај овластениот Beko сервис следново:

  • -оригинал или копија од фискалната сметка,
  • -потврда за регистрација добиена по е-пошта со правилно внесени податоци.

6. Нашата одлука за сите прашања поврзани со приговорите за недостатоците  во изработката или материјалите за време на дополнителната гаранција ќе биде конечна и обврзувачка, и купувачот се согласува да ги почитува тие одлуки.
Сите неисправни делови кои ќе бидат заменети за време на дополнителната гаранција стануваат сопственост на производителот и/или увозникот.

7. Оваа дополнителна гаранција е издадена во согласност со законите на Република Северна Македонија и е во склад со позитивната деловна практика на брендот Beko.

8. За време на дополнителната гаранција, купувачот има право на замена на производот само доколку уредот не може да се поправи.

9. Во периодот на дополнителната гаранција, времетраењето на поправката не е законски дефинирано и може да биде подолго од роковите пропишани со закон.

10. Условите од оваа гаранција не се применуваат во следниве случаи:

  • Дефекти или оштетувања настанати поради виша сила, пожар, граѓански немири и/или несреќи.
  • Дефекти предизвикани од користење на несоодветен електричен напон и/или последични штети од небрежност и/или злоупотреба.
  • Користење спротивно на упатството за употреба.
  • Поправки извршени од неовластени лица и/или неправилна монтажа која не е во согласност со условите во упатството за употреба.
  • Производи кои се користат во комерцијални или нестамбени простории.
  • Производи кои не користат оригинални Beko резервни делови.

За да ја завршите регистрацијата, ве молиме потврдете:

Потврдувам дека сум информиран за исвестувањето за приватност

Се согласувам со правилата и прописите за кампањата "2+3 години гаранција"

Вградлива и самостојна машина за миење садови

Ugradbena i samostojeća perilica posuđa

Вградлива домино плотна за готвење

Ugradbena domino ploča za kuhanje

Вградлива плотна за готвење

Ugradbena ploča za kuhanje

Вградлива плотна

Ugradbena ploča za kuhanje

Вградлива рерна (фурна)

Ugradbena pećnica

Вграден фрижидер

Ugradbeni hladnjak

Самостоен шпорет

Samostojeći štednjak

Машина за сушење алишта

Sušilica rublja

Самостоен сушење алишта

Sušilica rublja

Самостоен фрижидер

Samostojeći hladnjak

Самостоен Side-by-Side фрижидер

Samostojeći Side-by-Side hladnjak

Машина за сушење алишта

Sušilica rublja

Самостојна машина за перење

Perilica rublja

Mашина за перење

Perilica rublja


Copyright © 2025. www.beko5.com